Британската министерка за надворешни работи – Лиз Трас на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Германија вели дека меѓународните санкции против Русија треба да бидат укинати само кога сите нејзини војници ќе ја напуштат Украина.
„Санкциите не треба да бидат укинати додека не дојде до целосно повлекување на Русија и мировен договор“ веи Трас.
Таа смета дека рускиот претседател – Владимир Путин мора да се соочи со поразот.
„Путин се понижува себеси на светската сцена. Мора да му се ускрати каква било корист од неговата инвазија на Украина и со тоа на крајот да се ограничи понатамошната агресија“ смета Трас.
Таа ја повика Украина да го зголеми пристапот до воената опрема на НАТО.