Екс-претседателот на САД – Доналд Трамп на митинг во Тексас рече дека ќе ги помилува лицата обвинети за упадот на Капитол хил на 6 јануари 2021 година, доколку повторно стане претседател на земјата во 2024 година.
„Тоа е друга работа што ќе направиме и толку многу луѓе ме прашуваат, ако се кандидирам и победам, да бидам фер кон луѓето од 6 јануари. Ќе се однесуваме фер со нив. И ако е потребно помилување, ќе ги помилувам бидејќи се третирани толку неправедно“ – рече Трамп.