Тошковски за „Мазут“: Информациите ќе ја фрапираат јавноста

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски очекува со продолжувањето на истрагата да се расветлат сите околности околу случајот. Тој вели дека информациите што досега ги добил од истражителите се сериозни и дека нивното објавување, според него, би можело да ја изненади јавноста.

„Не е битно дали министерот за внатрешни работи е задоволен или не е задоволен од која било одлука на Јавното обвинителство, битно е дали граѓаните на крајот ќе видат правда“, изјави Тошковски.

Тој не откри детали за сознанијата со кои бил запознаен, но порача дека очекува Обвинителството професионално да ги разгледа сите детали и околности.

„Информациите коишто беа споделени со мене, а се поврзани со предметниот случај, навистина сум сигурен дека ќе ја фрапираат јавноста кога ќе бидат споделени со јавноста“, рече Тошковски.

Одлуката на Вишото јавно обвинителство значи дека ОЈО за гонење организиран криминал и корупција треба да продолжи со постапувањето, да прибере дополнителни податоци од повеќе институции и да нареди нови вештачења.

Истрагата беше запрена во мај, по едногодишно постапување, кога ОЈО ГОКК соопшти дека не ги потврдило наводите од кривичната пријава.

Предметот се однесува на 13 лица, а вкупната вредност на набавките на мазут што се истражуваат изнесува 167 милиони евра.