Товарен лифт усмрти старица во дом во Осиек

Страшна трагедија се случила во понеделникот попладне во приватен дом за стари лица во Осиек.

Товарниот лифт усмрти старица, корисник на домот.

Сцената, како што пишува „Вечерњи“, била застрашувачка, а не ја паметат ни најискусните форензичари. За да го извлечат телото, пожарникарите морале да го исечат подот.

Полицијата не дава никакви информации за оваа трагедија, но се повикува на ДОРХ.

„Истрагата е во тек, се утврдува дали има елементи на кривично дело, односно дали лифтот бил во работна состојба и дали редовно се сервисирал“, соопштија од Општинското државно обвинителство во Осиек.