„Тоа што бугарските историчари слават, а македонските критикуваат – јасно е колку е договорот штетен“

Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска денеска во Ростуше изјава за реакциите на историчарите за договорот на историските комисии на Бугарија и Македонија.

Таа рече дека „со самото тоа што бугарските историчари слават, а македонските секојдневно критикуваат со милион образложенија, повеќе од јасно е дека договорот е штетен за Македонија.

„Во однос на тоа прашање од материјален аспект или некое толкување на историјата не би завлегувала затоа што ни по вокација не сум историчар меѓутоа има некои работи кои што се тука јасни на секој граѓанин. Прво, факт е тоа дека во континуитет зборуваа и гарантираа дека историските прашања воопшто нема да бидат тема, а сега гледаме дека тоа е на некој начин ултиматумот и со оглед на тоа дека ситуацијата покажува дека бугарските историчари слават, а нашите секојдневно критикуваат и даваат милион образложенија зашто не треба да се почне со оваа тема, повеќе од јасно зборува дека договорот е штетен за нас и дека она што го ветуваа и го кажуваа СДСМ е уште една нивна лага во списокот на еден куп лаги кои до сега ги имаат кажано“ – потенцираше Димитриеска Кочоска.