Голем пожар на железничка станица во Лондон, активирани се 70 пожарникари

Голем пожар ја затвори железничката станица Лондон Бриџ, предизвикувајќи хаос во патувањето на илјадници луѓе.

Околу 70 пожарникари се борат со пожарот на пругата во Саутворк, јужен Лондон.

Пламенот потоа се проширил на блискиот паркинг, при што се запалиле два електрични автомобили.

На граѓаните кои живеат во близина на пожарот им било кажано да ги држат затворени прозорците и вратите поради „густиот чад“, пренесува The Sun.

Снимките се споделуваат на социјалните мрежи, а станицата Лондон Бриџ и другите згради во близина на пожарот се евакуирани.

Преплашени Британци бегале од пожарот. Причината за пожарот засега е непозната, потврди лондонската противпожарна бригада.