Ламбе Алабаковски ја отвори третата вечер на протестите во Скопје. Тој ја испеа македонската химна пред присутните. Алабаковски се појави со маица на која пишува „не!“. На сцената пред присутните носеше и македонско знаме, извикувајќи „Македонија, Македонија“.
Протестот започна тензично, со фрлање јајца, тоалетна хартија и шишиња кон Владата, по што беше турната заштитната ограда. Во првите редови беа симпатизери на Левица, предводени од претседателот на партијата, Димитар Апасиев.
Дел од демонстрантите се судрија со полицијата која постави кордон пред зградата на владата, откако ја пробија заштитната ограда и започнаа да фрлат по полицијата со камења и петарди. Беше запалено и знамето на ЕУ од еден од протестантите.