Демонстрантите влегоа во дворот на Владата

Дел од револтираните демонстранти кои бараат отфрлање на францускиот предлог за решение на спорот со Бугарија се префрлија од булеварот Илинден во дворот на зградата на Владата, објави порталот А1он. Може да се види поголема група на луѓе кои се на платото пред Илинденска 2, а до вратите на објектот ги дели само полициски кордон.

Демонстрантите повремено скандираат „Оставка, оставка“ и „Никогаш Северна, само Македонија“.