Поради приведувањето на лидерот на ГЕРБ – Бојко Борисов синоќа, денеска пратениците во Народното собрание на Бугарија беа на раб на тепачка.
При говорот на Георги Свиленски од БСП започнаа негодувања од пратениците, извици „оставка“, па претседателот на Собранието – Николај Минчев се обидуваше да ги смири страстите затоа што настана хаос, а се слушна како Свиленски од говорницата вели
„Само не ме плаши, не плукај по мене!“.
Непосредно потоа од партијата ГЕРБ соопштија дека го напуштаат парламентот и одат на протест.
Причината за апсењето на поранешениот бугарски премиер – Бојко Борисов, наводно, е тоа што тој го рекетирал олигархот Васил Божков, за што имало 120 дојави до главното Европско јавно обвинителство.
Ваквата вест ја потврди и бугарскиот министер за финансии – Асен Василев.
Тој изјавил дека се постапувало по пријавата на коцкарскиот бос Васил Бошков и извештај на Државната финансиска инспекција (АДФИ) од јули минатата година.
Овој извештај констатира загуби за буџетот од близу 557 милиони лева (280 милиони евра) поради непостапувањето на Комисијата за лотарија, подредена на министерот за финансии Владислав Горанов.
Потоа АДФИ утврдила дека за ревидираниот период 1.1.2014-31.12.2019 година има исплата помала од износот на доспеаната такса. Бугарското обвинителство никогаш не презело ништо по овој извештај.
Симпатизерите на опозициската партија протестираат за апсењето на Борисов.