Тел Авив негира дека заложници биле убиени за време на израелската офанзива

Тел Авив негира дека заложници биле убиени за време на израелската офанзива. Копнените сили почнале операции против Хамас во централниот дел на Појасот Газа.

Дополнителен притисок на Блискиот Исток се и нападите од Хутите поддржани од Иран.

Од групата, велат дека ќе продолжат со акциите во Црвено Море додека не престане агресијата врз палестинската енклава. Нова размена на оган меѓу Израел и Хезболах и на границата со Египет и со Либан. Рации и престрелки и на Западниот Брег.