Македонскиот Претседател – Стево Пендаровски денеска телефонски разговарал со бугарскиот колега Румен Радев и му честитал за стапувањето на должноста посакувајќи му успешен мандат.
Темите на разговор, според информациите кои ги сподели кабинетот на Пендаровски, биле најновиот развој на билатералните односи меѓу двете соседни држави и неодамнешната посета на претседателот на Владата на Бугарија на Скопје, како и претстојните активности во Софија.
„Во тој контекст, претседателот Пендаровски го поздрави воспоставениот дијалог меѓу двете влади и ја истакна подготвеноста на Република Северна Македонија за негово интензивирање во наредниот период“ соопштија од претседателскиот Кабинет.
Во насока на зајакнување на дијалогот меѓу двете земји, се подвлекува, двајцата претседатели разговарале и за можноста за скорешна официјална посета на претседателот Пендаровски на Софија, како и за интензивирање на комуникацијата на највисоко ниво.