Телефонски разговор Макрон – Путин поради ситуацијата во Украина

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска ќе има телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин во обид да се деескалира конфликтот со Украина, поради стравувањата на Западот дека Москва можеби планира инвазија.

Макрон ги гледа разговорите и како можност да види каде точно стојат и двајцата во сегашната ситуација. Тој се надева и на појаснување од руска страна за некои потези.

Францускиот шеф на државата сака уште еднаш да нагласи дека руската инвазија ќе има сериозни последици.

Западните држави се многу загрижени дека инвазијата може да биде неизбежна, бидејќи 100.000 руски војници се стационирани во близина на границите на Украина.

Русија постојано ги негира таквите планови.