Започнува расправа во Парламентот на Грција за гласање недоверба на Владата

Опозициската СИРИЗА достави барања, а денеска во грчкиот Парламент ќе започне тридневната расправа за гласање недоверба на Владата.

За да биде изгласана недоверба на Владата потребно е мнозинство од 151 пратеник од вкупно 300 колку што брои Парламентот во Грција.

Во моментов владата на Нова демократија има 157 пратеници.

Расправата трае три дена, завршува најдоцна на полноќ на третиот ден, а во случај на отфрлање и неизгласување на предлогот за недоверба, не е дозволено, во следните шест месеци да биде повторно доставено.

Лидерот СИРИЗА, Алексис Ципрас за време на вчерашната расправа во Парламентот побара збор, упати остри критики и обвинувања до Владата за справувањето со снежната бура и достави предлог за гласање недоверба.