Телевизиите Н1 и Нова С од полноќ не емитуваат програма во Србија

Телевизиите Н1 и Нова С од полноќ не ја емитуваат редовната програма во Србија, а на екранот на црна позадина е испишана пораката „Мрак во Србија без слободни медиуми“.

Истата порака е споделена и на социјалните мрежи на тие телевизии без дополнителни информации, додека нивните портали работат без прекин.

Телевизиите Н1 и Нова С работат во рамки на швајцарската медиумска компанија Јунајтед медиа.