Таравари: Граѓаните на Косово и Албанија само за приватно лекување ќе се лекуваат со исти цени како и Македонците

Фото: Слободен печат

Граѓаните на Косово, Албанија и Србија нема да се изедначат со македонските граѓани во делот на плаќање на партиципација, туку во делот на приватното лекување – вели екс министерот за здравство и претседател на Алијанса на Албанците – Арбен Таравари за „Слободен печат“.

– Ова практично значи дека цените на странските државјани ќе бидат исти како и за македонските граѓани кои немаат осигурување и се лекуваат во државните клиники и болници. Така ако за снимање на магнетна резонанца приватно во Клинички центар се плаќа 150 евра за сите наши граѓани кои не се осигуреници, толку ќе плати и косовски или албански државјанин, вели Таравари.

Тој објаснува дека ова е овозможено со билатерални договори меѓу државите и дека доколку не се направело странците ќе продолжеле да одат во приватно здравство каде плаќале многу поевтино.

На ваков начин ги враќаме странските пациенти во Јавно здравство. Порано сите одеа по приватните клиники каде им беше поевтино, вели Таравари.

Во Министерсвото за здравство велат дека нема изедначување на цените помеѓу странските државјани и осигурените државјани на РСМ, туку изедначување на цените за приватни здравствени услуги.