Почина 47-годишна жена во сообраќајка во тунелот кај Демир Капија

Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на местото на настанот и ќе нареди сообраќајно вештачење за да се утврдат причините на несреќата.

Наредена е и обдукција на починатата 47-годишна жена – возач која била сама во автомобилот, велат од Обвинителството.

Претходно, од СВР Велес потврдија дека денеска во 08.40 часот на автопатот А1, кај тунелот Т1 на делницата Гевгелија – Неготино, патничко возило „фолксваген“ со неготински регистарски ознаки, управувано од 47-годишната Т.П.П., изгубило контрола и излетало од патот.