Потпретседателот на Алијанса за Албанците во објава на Фејсбук бара итно формирање техничка влада.
„Не е доволно само да се фокусираме на проблемите. Решението се состои во два збора, техничка влада. Без партиски натпревар, затоа што ако нешто ни стана јасно досега е дека таквите натпревари се манипулираат и нема победник, туку победен. Партискиот каприц треба да излезе од врата и од ѕидовите на владините седишта и да почне да функционира кабинет кој наместо своите ќе ги полни џебовите на граѓаните“ – пишува Таравари.
Тој во оценката каде е потребна стручна интервенција како жаришта ги посочува корупцијата, невработеноста, образованието, здравството и администрацијата. Оценува дека сме мали во географска смисла, но „гиганти“ во однос на корупцијата.
„Економијата ќе земе здрав здив само ако соодветно се „таргетираат“ овие пет невралгични точки, бидејќи на Македонија не ѝ недостигаат пари туку транспарентност. Парите на народот одат на сметка на една мала група, па така градовите имаат по 4-5 газди, а останатите се слуги или непријатели на дворот“ е ставот на Таравари.
Смета дека техничка влада ќе мора како приоритет за излез од кризата на историските дилеми да работи на усогласување на владиниот и ЕУ – календарот и во неа да членуваат експерти од нивните области без политички врски.