Страшно торнадо во Лос Анџелес, најсилното во последните 40 години

Најмалку едно лице е повредено откако вчера торнадо го погоди градот Монтебело, кој се наоѓа југоисточно од Лос Анџелес. Националната метеоролошка служба го оцени торнадото со EF-1, со ветрови проценети на 110 милји на час, најсилното торнадо што ја погодило областа Лос Анџелес од 1983 година.

Портпаролот на градот Мајкл Чи потврди дека торнадото оштетило најмалку 17 згради, а 11 згради се толку оштетени што пожарникарите ги сметале за премногу опасни за употреба.

„Имаше летечки отпад и се друго“, напиша на Твитер еден од мештаните што го сними торнадото.

Метеоролошката служба соопшти дека торнадото урнало покриви, столбови за струја, искршило прозорци и откорнало дрвја.

Според Националната океанска и атмосферска администрација, Калифорнија е погодена во просек од помалку од 10 торнада годишно, од кои повеќето се мали и краткотрајни.

Вчерашното торнадо е само еден од низата тешки временски настани што ја погодија Калифорнија во последните месеци.