Јенс Столтенберг – генералниот секретар на НАТО на Твитер напиша коментар во врска со изјавите на турски челници дека ќе го блокираат влезот на Финска и Шведска во Алијансата.
„Турција е важен партнер и потребно е да одговори на сите безбедносни проблеми. Мораме да бидеме обединети во овој историски момент. Турција изрази одредени загрижености, а како што тоа секогаш го правиме во НАТО, ние ќе седнеме и ќе разговараме за тоа. Сигурен сум дека ќе можеме да најдеме заеднички јазик и консензус за тоа како да дејствуваме во врска со нивното членство“ – пишува Столтенберг.
Сепак, тој се надева дека ќе успеат да се решат проблемите што Турција ги наведува.
„Се надеваме дека бргу ќе напредуваме ако Финска и Шведска поднесат барање за членство. Турција јасно даде до знаење дека немаат намера да го спречат членството. Поради тоа сум убеден дека ќе ги решиме проблемите што ги наведе Турција, на начин на кој нема да биде одложен процесот за нивен влез во Алијансата“ – додаде Столтенберг.