Столтенберг: Постои реален ризик од вооружен судир во Европа!

Јенс – Столтенберг – генералниот секретар на ОН повторно предупреди на „реалниот ризик од нов вооружен конфликт во Европа“, за време на посетата на клучната воена база на Алијансата во Романија.

„Бројот на руски војници расте како што се скратуваат роковите за предупредување“ – рече Столтенберг.

Илјадници американски војници испратени како засилување од Вашингтон, во текот на денот треба да пристигнат за да го зајакнат источното крило на Алијансата.

Столтенберг додаде дека се можни и други сценарија освен инвазија на Украина, наведувајќи за обиди за соборување на владата во Киев или хибридни кибер напади.

„Истовремено нема безбедност и затоа ние продолжуваме да ја повикуваме Русија на деескалација и на политички дијалог со НАТО“ – рече Столтенберг.