Иван Стоилковиќ – претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија за српски „Новости“ вели дека Вселенскиот патријарх ја упатил МПЦ проблемите да ги решава со својата Мајка црква – СПЦ.
„Едни слават бидејќи во одлуката на Цариградскиот синод гледаат клучен чекор кон добивање на автокефалност. Но, со внимателно читање на одлуката на Фанарот јасно произлегува дека можноста црквата во Македонија да го сочува сегашното име е отфрлена. Многумина очекуваа томос за црковна незавиност, но тоа исто така го нема. Наместо тоа, патријархот Вартоломеј ја упатува сегашната непризнаена МПЦ административните проблеми да ги решава со „Мајката црква“ , односно со Српската патријаршија“ – рече Стоилковиќ.
Тој потенцира дека се уште е отворено прашањето за регистрација на ПОА, која делува во канонско единство со СПЦ и дека се уште има кршење на правата на српскиот народ во С. Македонија.