Стејт департментoт одобри продажба на ракетни системи HIMARS на Албанија

Американскиот Стејт департмент соопшти дека одобрил продажба на високомобилниот артилериски ракетен систем M142 (High Mobility Artillery Rocket System/ HIMARS) на Албанија.

Американскиот Стејт департмент одобри продажба на ракетни системи HIMARS на Албанија

Американскиот Стејт департмент соопшти дека одобрил продажба на високомобилниот артилериски ракетен систем M142 (High Mobility Artillery Rocket System/ HIMARS) на Албанија.

Главен изведувач на нарачката ќе биде Локид Мартин. Вкупната сум што ќе ја плати Тирана е 210 милиони долари.
„Предложената продажба на таа опрема и поддршка нема да ја промени основната воена рамнотежа во регионот“, нагласува Стејт департментот во соопштението.