„Техничката влада беше резултат на преговори и произлезе од она што го слушнавме во 2015 година од „бомбите“ како дравните институции се злоупотребувале во функција на изборите. Ако тоа беше причината, сега ми е драго што со ова барање опозицијата покажува дека оваа Влада умее да организира фер и демократски избори“. Ова денеска за „Утрински брифинг“ го изјави потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев.
Тој посочува дека промените на Изборниот законик мора да дојдат по пат на пошироки разговори и консензус, а не произволно како што сака ВМРО-ДПМНЕ.
-За нас е спорен начинот и тајмингот за ова барање на ВМРО-ДПМНЕ. Тие соочени со неуспехот на нивните градоначалници брзаат да има предвремени избори. Ние треба да разговараме и со коалициските партии, но и со помалите партии за тоа дали воопшто има потреба од техничка влада“ вели Богоев.
Додаде дека се начна и прашањето за една изборна единица. Посочи дека има време до 2024 година да се отворат овие прашања.
„Ние сме подготвени за промени на Изборниот законик, но треба да бидат подготвени и другите за изборите да бидат легитимни“ – рече Богоев.