Статистика: Во првите три месеци од 2021 година родени се 5.065, а починале 7.209 лица

Морталитетот зголемен, а наталитетот намален во Македонија во првото тромесечје на 2021 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Намален е бројот на живородените деца во споредба со истиот период од минатата година за 3.8%. Годинава во првите три месеци родени се 5.065 бебиња.

Сепак, загрижува стапката на починати која бележи зголемување од 30.7%. Во првото тромесечје починале 7.209 лица, а од нив 14 се доенчиња.

Од ДЗС информираат дека природниот прираст изнесува -2 144, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.