ССМ ќе блокира патишта, фабрики – прават притисок да се изгласа минималната плата

ССМ денеска објави дека 300 членови на штрајкувачките одбори и синдикални одбори донеле едногласна одлука – организирање на различни форми на притисок со цел да се зголеми минималната плата на 18.000 денари.Планираат да блокираат фабрики, институции и патишта.

Донесена е одлука за организирање собир пред Собранието на 10. февруари, со почеток во 11 часот, со општ повик до сите граѓани, работници и синдикати за поддршка на пратениците веднаш да го изгласаат законот за минимална плата од 18.000 денари.

Следната недела продолжуваат преговори со Владата и работодавачите откако вчера не беше договорено да се зголеми минималната плата.