ССМ со предлог до надлежните – минимална плата 18.000 денари од 1. јануари, ако не – генерален штрајк

ССМ денеска соопштија дека во рамките на активностите кои следат по одржаниот голем работнички протест, до Министерството за труд и социјална политика и Координаторите на пратеничките групи во Собранието доставиле Предлог за донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, со кој се предлага минималната плата во бруто износ започнувајќи од месец јануари 2022 година да изнесува 26.476,00 денари или во нето износ 18.000 денари.

Во предлогот е содржано и висината на минималната плата да не може да биде пониска од 60 отсто од просечната исплатена месечна нето-плата по вработен во последните три месеци, а објавена од Државен завод за статистика.

„Предлагаме и платите на сите работниците да се усогласуваат со порастот на минималната плата согласно измените и дополнувањата на Законот за минимална плата кои сме ги предложиле, согласно Закон и колективен договор со што спирално ќе се зголемат платите на останатите работници“ – велат од ССМ.