ССМ најавува генерален штрајк ако линеарно не се зголемат платите
Единствената опција е да се оди на генерален штрајк – ова е предупредувањето од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) доколку не се исполни нивното барање за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари и не остварат средба со премиерот и надлежните министри.
Синдикалците во понеделникот побараа да се сретнат со премиерот Ковачевски, вицепремиерот Битиќи и министрите за финансии и за труд и социјална политика, Бесими и Тренчевска поради тоа што во ребалансот на Буџетот не се предвидени средства за оваа намена.
Од ССМ велат дека трпението е при крај.
Дарко Димовски – претседателот на ССМ вели дека доколку наскоро не бидат повикани на разговор во Владата, тогаш претседателството и Советот на ССМ, како највисоки тела на Синдикатот, ќе дадат упатство до гранските синдикати за организирање на генерален штрајк.