Путин во болница, во посета на ранети руски војници

Претседателот на Русија – Владимир Путин првпат по три месеци од почетокот на инвазијата врз Украина ги посети руските војници кои се ранети во конфликтот.

Путин ги прашувал војниците од каде се и каква е нивната семејна состојба, а заедно со него бил и министерот за одбрана – Сергеј Шојгу.

Последните руски податоци објавени на 25. март покажуваат дека војската на Федерацијата признала дека има 1.351 загинат и 3.825 ранети војници.

Русија упорно тврди дека со офанзивата во Украина сака да ги заштити од геноцид жителите кои зборуваат руски и да ја „исчисти земјата од нацистите“.