ССМ: Минималните трошоци во мај изнесуваат 49025 денари
Минатиот месец на едно четиричлено семејство му биле потребни 49025 денари за да ги покрие минималните трошоци.
Од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), кои ја изработуваат синдикалната потрошувачка кошничка, велат дека најмногу пари во мај, 19532 денари, биле потребни за храна и пијалоци, а за да се покријат трошоците за домување биле потребни 13392 денари.
Од останатите трошоци, кои се дел од синдикалната кошничка, потребни се 3720 денари за превоз, 3196 денари за хигиена, а за одржување на здравјето се трошеле 821 денар.
„Вкупната синдикалната потрошувачка кошничка изнесува 44047 денари, а кога на нив ќе се додадат 4977 денари отсто за трошоците на животот, односно инфлацијата, се доаѓа до 49025 денари“ – велат од ССМ.
Од ССМ нагласуваат дека просечната исплатена нето плата по вработен во март годинава изнесува 34925 денари.
Синдикалната потрошувачка кошничка во април, според пресметиките на ССМ, беше 49384 денари. Најмногу трошоци граѓаните и во април имале за храна и пијалоци, како и за покривање на трошоците за домување.