Техничкиот премиер Талат Џафери, се сретна со републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски.
Средбата се реализираше на барање на премиерот Џафери, согласно законската надлежност на Владата за организирање фер и демократски избори.
Џафери, на состанокот ја истакна недвосмислената определба на Владата за реализација на избори коишто ќе ја одразат реалната волја на граѓаните. При тоа, посочи дека активностите на Владата се одвиваат според законските надлежности, а лично тој и претставниците на Владата се водат од наратив за позитивна клима во предизборието.
Од страна на јавниот обвинител Коцевски, беше поздравена оваа иницијатива на Џафери, која е во насока на координирање на активностите за успешно спроведување на изборите, со поддршка од сите институции кои се дел од овој процес и изрази целосна поддршка за премиерот во секоја фаза во насока на препознавање индиции и пресретнување на евентуални дела спротивни на заложбите за спроведување законски и фер изборни процеси.
Заеднички се констатираше дека двојните избори во државава се од исклучителна важност во рамки на очекувањата за напредок на Македонија во евроинтеграцискиот процес.
И во таа насока се потенцираше улогата на сите надлежни институции и потребата од ефикасно дејствување, со цел спроведување фер и демократски изборни процеси.
Се нагласи и очекувањето од двете страни, дека сите учесници во изборите го согледуваат својот дел од одговорноста и ќе придонесат во поттикнувањето и одржувањето атмосфера на конструктивност.