Средба Вучиќ – Ѓоковиќ, за настаните на „Австралија опен“ тенисерот ќе се изјасни за 10 дена

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска имаше средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој се заблаодари за поддршката која Србија и институциите му ја пружиле додека беше во притвор во Мелбурн поради проблеми со визите пред Отворенето првенство на Австралија.

Вучиќ, пак, му се заблагодари на Ѓоковиќ што покажал почит кон Србија и што ја прославил во светот.

„Постои една работа што е непобитна и восхитувачка. Јас и Новак се слушнавме првото или второто утро во Австралија, тоа го кажав попатно, па замолчав – ајде Ноле, врати се, што ќе правиш таму, а потоа видов колку е упорен човекот, колку сака да се бори на спортски терен, да се избори не само за себе, туку и за својата земја и да покаже колку е подобар“ – изјави Вучиќ.

Ѓоковиќ оцени дека претседателот на Србија поради ангажманот „веројатно се ставил во компромитирана позиција“ во сферата на меѓународните односи.

„Иако бев сам во притворот во Австралија, не се чувствував осамено. Ја имав, пред се, поддршката од моето семејство и од целиот српски народ. Добронамерни луѓе се јавуваа и се обидоа, јавно и приватно, да го направат мојот престој во Австралија полесен“ – изјави Ѓоковиќ.

Тој посочи дека за настаните на „Австралија опен“ јавно ќе проговори за 10 дена.