(Видео) СП 2022: Хрватска e прв полуфиналист во Катар, на пенали го елиминираа Бразил

Хрватска и Бразил го одиграа првиот четвртфинален натпревар на Светското првенство во Катар, а по голема борба и голема драма во полуфинале оди составот на Златко Далиќ која повторно беше успешна на пенали.

Немаше голови во регуларните 90 минути (0:0), а во продолженијата, поточно во 105 минута, последното од првото продолжение, Нејмар одигра двојно додавање со двајца соиграчи, го заобиколи Ливаковиќ и на крајот од непосредна близина ја заби топката во мрежата за 1:0.

Хрватска не се предаваше, Далиќ ги внесе во игра Будимир и Петковиќ, сите карти ги фрли во напад знаејќи дека нема што да загуби. А потоа во 116 минута Оршиќ нафрла по земја, Петковиќ шутира, а топката од Маркињос се одби во мрежата на Алисон, за голема радост на „коцкестите“.

Следеше пенал-драма, нешто на што сите се навикнавме кога Хрватска игра на големите натпреварувања.

Прв стрелаше Влашиќ. Тој шутираше во средината и постигна гол за Хрватска, а потоа трагичар во редовите на бразилската селекција беше Родриго кој не успеа да го совлада Ливаковиќ.

И Ловро Мајер шутираше во средината и беше прецизен за 2:0. Касемиро беше сигурен во втората серија за 2:1. Тогаш топката ја зеде Модриќ, кој беше целосно сигурен во приближувањето на Хрватска до големото полуфинале. Педро беше следниот изведувач за Бразил, но постигнаа и тој и Касемиро. Оршиќ на спротивната страна исто така прецизно стрелаше, а Маркињос кој мораше да реализира, ја погоди стативата, по што следуваше големата радост на Хрватите.

Во полуфиналето Хрватите ќе играат против подобриот од мечот меѓу Аргентина и Холандија кој започнува вечерва од 20.00 часот. Во преостанатите четвртфинални двојки утре се среќаваат Франција и Англија, а Португалија и Мароко.