СП 2022: Ричарлисон му донесе триумф на Бразил над Србија

Со триумф на Бразил над Србија синоќа во Лусаил од 2-0 (0-0) се комплетираше првото коло во групната фаза на Светското првенство во Катар.

Во својот воведен натпревар во рамки на групата Г, Бразил беше подобар противник на теренот и заслужено со победа го почна походот кон шеста титула светски првак.

Двоен стрелец беше Ричарлисон во 62. и 73. минута по асистенции на Винисиус.

Следен противник на Бразил ќе биде Швајцарија в понеделник, додека Србија ќе игра против Камерун во дуел на двете поразени репрезентации во првото коло во групата Г.