Уште тројца фудбалери во преостанатите натпревара имаат шанса да ги понесат епитетот најдобар стрелец на Светското првенство во Катар.
Моментално водечки на листата на стрелците е Килиан Мбапе од селекцијата на Франција со пет погодоци.
Со погодок помалку го следат неговиот репрезентативен соиграч Оливие Жиру и капитенот на Аргентина Лионел Меси.
По три погодока впишаа Коди Гакпо (Холандија), Алваро Мората (Шпанија), Гонкало Рамош (Португалија), Маркус Рашфорд (Англија), Ришарлисон (Бразил), Букајо Сака (Англија), Енер Валенсија (Еквадор).
Водечката тројка Мбапе, Жиру и Меси имаат уште два натпревара да дојдат до ласкавата титула на 22-то издание на светските првенства.
Прво нивните селекции ќе играат во полуфиналните мечеви, победниците одат во големото финале, додека поразените ќе го играат натпреварот за утешното трето место.
Полуфинале
Вторник, 13 декември
Аргентина – Хрватска (20 часот, стадион Лусаил)
Среда, 14 декември
Франција – Мароко (20 часот, стадион Ал Кор)
Натпревар за трето место
Сабота, 17 декември (16 часот, стадион Калифа)
ФИНАЛЕ,
Недела, 18 декември (16 часот, стадион Лусаил).