Прево: Можете да сметате на Белгија како цврст и сигурен сојузник на патот за пристап кон ЕУ

С. Македонија може да смета на Белгија како цврст и сигурен сојузник на вашиот пат за пристап кон Европската Унија, порача белгискиот министер за надворешни работи, европски прашања и развојна соработка, Максим Прево, на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

С. Македонија може да смета на Белгија како цврст и сигурен сојузник на вашиот пат за пристап кон Европската Унија, порача белгискиот министер за надворешни работи, европски прашања и развојна соработка, Максим Прево, на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

-Белгија продолжува цврсто без никаква двосмисленост да го поддржува европските пат на вашата земја. Цврсто сум убеден дека билатералните прашања не треба во ниту еден момент да го спречат процесот на проширување. Јас и понатаму ќе продолжи да се залагам за напредок врз реформите и усогласеноста со компенхашките критериуми – порача Прево.

Важен аспект на мојата посета, посочи Прево, е тоа што институционалната стабилност што ја постигнавте е за поздравување, нагласувајќи дека „Белгија го охрабрува конструктивност политички дијалог и владеењето на правото”, истовремено охрабрувајќи ја Владата да продолжи на патот на реформите, бидејќи, како што рече, тоа е само добиена инвестиција.

Во однос на Бугарија и барањата од наша страна за гаранции на европскиот пат, Прево рече дека за Белгија постои јасна определба дека треба да биде дадено уверување на Македонија дека нема да се јави повторна блокада или пречка откако ќе бидат направени потребните промени.

– Верувам дека сите земји во ЕУ треба да најдат начин да се изрази волјата оти овие уверувања ќе бидат дадени- порача Прево.

Белгискиот министер за надворешни работи, европски прашања и развојна соработка, Прево, на почетокот изрази задоволство што има можност со денешната посета подобро да се запознае со нашата реалност и да ја запознае нашата земја.

-Се надевам дека нема да биде последна, со оглед дека ми се блиски балканските земји. Денеска сум тука за да го подвлечам одличните односи меѓу нашите земји. Кажавте дека живееме во мултиполарен свет и имањето стабилни односи е важно и вие можете да сметате на Белгија – нагласи Прево.