Српската православна црква има собор во Сремски Карловац, а МПЦ-ОА се надева на позитивни одлуки од овој Собор.
Попладнево почна и Свечениот дел од работата на Соборот на СПЦ, од кој произлезе Послание за стогодишнината од автокефалноста и обновата на Печката Патријаршија, како Обединета српска црква. Во тоа псолание во најмалку десет пати се потенцира духовното единството на сите српски земји.
-Српската Православна црква од неканонското и насилно укинување на Печката Патријаршија во 1766 година, живееше поделена во митрополии и епископии во границите на разлилни држави, но и во тие услови, секоја црковна организиацина единица се стремела да го зачува духовниот и надионален идентите на своето стадо, да обезбеди опстанок на српскиот народ. Тоа ги правеше и по цена на најголемите жртви, непрекинато рагорувајќи го пламенот на надеж дека сите православни Срби повторно ќе се соберат под омофорот и пред тронот на српскиот првопрестолник, светителот Сава. И конечно, после победата во Големата војна, по ослободувањето и создавањето на државата на јужните Словени, на 12 септеври 1920 година, Во Сремски Карловац, во присуство на реганот Александар Караџорџевиќ и во присуство на државни претставници одржан е Собор на архиереи, на кој после 154 години, со литургиско единство, кое никогаш и не било нарушено, е воспоставено и канонско и административно единство и свечено е прогласена обновената Печка Патријаршија, односно Српската Православна Црква, на подрачјето на нејзината историска и каконска јуриздикциј. Така конечно се исполнети желбите на многу наши предци“ се вели во Послението на СПЦ.
Во него се потенцира денес е света должност молитвено да се чува тоа единство и дека денес со гордост треба да се во втемели во колективната меморија тој 12 септември, кога е возобновена Печката Патријаршија, во која се набројуваат епархиите кои дадени на СПЦ, меѓу кои и оние од Македонија.
„Овој голем празник навистина е празник на единството и слогата. И ние денес, после сто години радосно го објавуваме и прославуваме овој историски настан, без разлика дали живееме во матицата, без разлика дали во некои од српските или околните земји, без разлика дали во раселеност расфрлани под бурата на историските ветрови на секаде на шестте континенти. Во сите невољи и страдања СПЦ делеше и радости и тага со целиот српски народ, а Српската Патријаршија била и останува симбол на народното единство и тогаш кога државното единство и устројство било разбиено. Поради сето тоа, ние овие денови, кога се сеќаваме на подвизите на нашите предци, кои тагуваа по единството, за единството се бореле и единството на Црквата го оствариле, вдахновени од светлината на Христовото Воскресение, испраќаме архипастирски благослов за својата полнота на нашата СПЦ, иторсика Патријаршија Печка и белградско-карловачка и го повикуваме нашиот верен народ во земјата и раселен каде и да е, напроти сите искушенија, да остане и истрае во заедништвото, со клирот на својата Мајка Црква“ – пишува во посланието на СПЦ.