Мирчеа Џоана: Убеден сум дека набргу ќе ги примиме Финска и Шведска!

Изминатиов викенд министрите за надворешни работи на 30 земји-членки на НАТО одржуваат разговори во Берлин, а фокусот е на кандидатурите за членство на двете скандинавски земји – Финска и Шведска

Турскиот министер за надворешни работи – Мевлут Чавушоглу вчера неочекувано се спротивстави на нивното членство во НАТО, велејќи дека е „неприфатливо и нечуено“ новите членки на НАТО да ја поддржат забранетата курдска милитантна група ПКК.

Денеска заменик-генералниот секретар на НАТО – Мирчеа Џоана, рече дека е уверен дека загриженоста на Анкара може да се реши.

„Турција е важен сојузник и изрази загриженост за пријателите и сојузниците“, рече Џоана пред новинарите. „Уверен сум дека ако овие земји решат да побараат членство во НАТО, ќе можеме да ги поздравиме и да ги најдеме сите услови за консензус“ – додаде Џоана.

Многу сојузници на состанокот во Берлин ги поддржаа Финска и Шведска, нагласувајќи ја потребата од брза ратификација на нивните кандидатури за членство, што обично трае до една година.

Русија смета дека проширувањето на НАТО е закана за сопствената безбедност и ја наведе амбицијата на Украина да се приклучи на Алијансата како причина за инвазијата на Украина.