Спасовски: Ниедна партија не може да го присвои Гоце Делчев

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, порача дека ниедна политичка партија не може да го присвои ликот на Гоце Делчев. Тој смирува дека граѓаните може да бидат сигурни за утрешниот ден на одбележување.

„Ниедна политичка партија не може да присвои лик – Гоце Делчев е великан на македонскиот народ!

Граѓаните може да бидат сигурни – никако нема да дозволиме навреди и организација на понижување на македонската држава и македонскиот народ.

Со мирно и достоинствено чествување ќе покажеме пред светот дека знаеме да ја сочуваме стабилноста и со посебна почит умееме да чествуваме денови што се посебно важни за нашата историја“, напиша Спасовски на социјалните мрежи.