Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата на Фејсбук напиша:
„Денеска, одбележувајќи го Меѓународниот ден за борба против корупцијата, со донесен План за борба против корупција, кој обилува со мерки кои како институции веќе ги имплементираме, со Кабинет на Заменик на претседателот на Владата за борба против корупцијата, како главна точка на поврзување на сите антикорупциски институции, со право можеме да кажеме дека – ставајќи ја борбата со корупцијата меѓу врвните приоритети на оваа Влада, покажавме дека тоа не е само начин на добро владеење. Борбата со корупцијата е најсилната алатка за самоодбрана на една држава, чин на вистински патриотизам!“ – објави министерот Спасовски.