СОНК нема да учествува на работничкиот протест на 1 Мај, го одбрале патот на преговори
Претседателот на СОНК, Јаким Неделков денеска порача дека синдикатите на образованието, науката и културата нема да се приклучат на работничкиот протест, организиран од ССМ, на 1 Мај – Денот на трудот. Вели дека протестот го организира друг сојуз и дека го одбрале патот на социјален дијалог и преговори и дека резултатите ги постигнуваат на маса.

– Тие го одбрале тој пат да одат по улици, тоа е нивната стратегија и така нека продолжат, кажа Неделков пред почетокот на конференцијата на тема „Трудови политики и колективни договори – законска рамка, примена и предизвици“.
„За плата се бориме, не се молиме“ е мотото на протест што ССМ го организира. Оттаму повикуваат на масовност, при што работниците гласно ќе ги истакнат барањата за повисоки плати и за подобри работни услови. Осмиот и веќе традиционален првомајски работнички протест ќе започне во петок во 11 часот пред Работничкиот дом во Скопје.
На протестот се очекува учество на повеќе гранкови синдикати од различни сектори, меѓу кои и на тие кои веќе договорија зголемување на платите. Во објавата се наведени: Синдикат на УПОЗ; Синдикат за градежништво; Независен синдикат за образование и наука; Синдикат на културата; Синдикат на работниците од трговијата; Синдикат на медиумски информативни агенции; Македонски полициски синдикат; СИЕР Македонија; Агро-синдикат; Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита; Синдикатот на хемија, неметали и метали; Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија; Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва; Синдикатот на работниците од сообраќај и врски; Синдикатот на поштенските и телекомуникациските работници; Синдикатот на финансиските дејности; Синдикат за слободно дејствување; Синдикат на поштенски и телекомуникациски оператори.