Невремето „Елпида“ во Атина донесе заглавени возачи на улиците и булеварите, неколкумина полесно повредени патници на воз, паднати дрва, но и прекини во снабдувањето со електрична енергија. Снежната бура што ја зафати областа Атика, поширокиот дел на Атина, придонесе денеска да е неработен ден за јавниот и приватниот сектор.
Информациите се дека над 1.000 возила, од кои некои и 20 часа подоцна, сè уште не се отстранети од патиштата во Грција.
Поради снегот, возот кој се движел од Атина кон Солун, запрел во близина на градот Ливадија, па при обид да биде извлечен, дошло до мал судир со влечната машина поради лизгавите шини, па најмалку 9 лица се здобиле со полесни повреди.
Противпожарната служба на Грција за 24 часа добила 964 повици за помош во поширокиот регион на Атина.