Словенец ќе оди 9 месеци во затвор, се вакцинирал наместо други

Словенец чиј идентитет засега не се открива, кој се вакцинирал во името на други луѓе за да добијат ковид пропусници, е осуден на 10 месеци затвор поради измама. Парична казна е изречена за четворица мажи кои му платиле за оваа „услуга“.

Мажот бил шест пати вакциниран беше откриен на крајот на декември додека се обидувал да ја прими седмата доза, по што му беше одредена мерка притвор.

Нарачателите на услугата, исто така се осудени за измама, но тие минале без затворска казна. Двајца од нив се казнети со по 2.550 евра, а двајца по 1.360 евра.