Скандал во англиската фудбалска елита. Има информации дека менаџерот на Вест Хем – Дејвид Мојс лут од скандалозната одлука на судијата Енди Медли да поништи гол на Вест Хем на крајот на мечот со Челзи влегол во судиската соба за да побара објаснување од судијата. Менаџерот на Вест Хем го нападна судијата и на теренот по завршувањето на натпреварот, но очигледно решил да го продолжи судирот.
„Ја видовте ситуацијата, скандалозна одлука. Апсолутна глупост од судија прогласен за еден од најдобрите. Да не зборуваме за работата на ВАР. Неверојатна глупост“, изјави лутиот Мојс.
Во последните минути неговиот тим постигна израмнувачки гол, а видео помошните судии не можеа да донесат дефинитивна одлука за регуларноста на голот и го повикаа Медли да ја провери ситуацијата на мониторот. Откако го гледаше голот неколкупати, судијата оцени дека имало прекршок од Џаред Бовен врз голманот Едвард Менди.
Ова е спорната ситуација: