Скандалозна објава на лични податоци на 637.138 граѓани во Албанија
Скандал спротивен на Законот за заштита на личните податоци во Албанија.
Претседателот Илир Мета на Фејсбук напиша дека јавното објавување на платите на Албанците претставува кршење на слободите, човековите права и достоинство, законите и Уставот. Тој смета дека тоа е повеќекратна незаконитост.
Објавени се јавно списоците со плати, единствени матични броеви и работни места на 637.138 албански граѓани, меѓу кои функционери, политичари, службеници во јавна и државна администрација, како и вработени во прватниот сектор.
Агенцијата „Балкан веб“ има список на кој се наоѓаат и платите на претседателот Илир Мета и премиерот Еди Рама.
Шефот на државата има месечна плата од 257.000 леки (2.106 евра), додека премиерот Рама 228.730 леки (1.874 евра).
Многу повисоки плати од нив имаат петмина вработени во Албанската тајна служба, ШИШ, чии плати се движат од 3.278 до 7.377 евра.