„Унгарската влада инсистира на тоа дека Унгарците нема да ја плаќаат цената на војната во Украина“. Ова синоќа го изјави министерот за надворешни работи – Петер Сијарто и рече дека Унгарците на никаков начин не се виновни за избувнувањето на војната во Украина, па доколку Европската комисија има намера да воведе ембарго на руската нафта, мора да гарантира дека тоа нема да влијае на Унгарците или на унгарската енергетска безбедност.
„Доколку во моментов се усвои ембаргото за нафта, што е дел од шестиот пакет санкции на Европската комисија, Унгарија нема да може да ја добие суровата нафта што и е потребна за да ја одржи економијата. Владата ќе го прифати предлогот само доколку ЕК понуди решение за проблемот што го создаде“ – рече тој.
Напоменува дека ако Унгарија мора да увезува сурова нафта од други извори освен од Русија, цените на горивата ќе пораснат за 55 до 60 проценти.
Сијарто додаде дека членките на ЕУ се согласиле во Париз пред неколку месеци дека секој чекор за намалување на зависноста од руската енергија ќе мора да ја земе предвид специфичната ситуација на секоја земја.