„Секогаш кога има општествени процеси, се заземаат страни. Ова е специфична ситуација, целиот западен свет застана против агресијата, ги следиме осудите, но кога се однесува за аспектот на цензура, многу сме внимателни, прво дали таа ќе помогне за забраната, тоа може дополнително да предизвика провокација. Понатаму колку може да се забрани информација во 21 век. Дали вредностите на западот треба да бидат доведени во прашање кога се работи за ваков тип на борба. Дали тој предизвик е доволен да се одговори на овој начин, тука лежи слабоста на демократиите“ – вели Катарина Синадиновска, претседател на СЕММ во најновото издание на Трилинг.
Таа истакнува дека „на македонските граѓани не може демократијата да им се наметне, таа мора да е изворна. Разбирам дека тезите на оние луѓе кои се залагаат за цврста рака, се апсурдни, но не е начин сеење на омраза. Треба да се работи со целото население“.
Синадиновска вели дека информирањето на македонските медиуми за конфликтот „секојдневно добиваме преставки. Онлајн просторот е најзагаден. Граѓаните да реагираат секогаш кога ќе видат некаков тип на дезинформација“.