Силна експлозија во воениот погон „Арсенал“ во Бугарија

Силна експлозија беше регистрирана во воено-производствениот погон „Арсенал“ нешто по девет часот изутринава по локално време, јави БНТ.

Засега нема информации за штета и за жртви.

Бугарската национална телевизија наведува дека може да станува збор и за контролирана експлозија.

Прекршување на технолошката дисциплина и невнимателно ракување со трансферот на пиротехнички производи предизвикаа експлозија во фабриката „Арсенал“ во Бугарија претходно месецов.

Три лица загинаа, а една жена беше тешко повредена во експлозијата во големата фабрика за оружје во централниот бугарски град Канзанлак.