Силен тајфун на Филипините – над 80.000 луѓе се евакуирани
Централниот дел на Филипините денеска е погоден од тајфунот „Рај“ пренесоа светските агенции.
Над 82.000 луѓе се евакуирани пред да се приближи тајфунот.
Во 11 часот по локално време брзината на ветрот изнесувала 51 метар во секунда, а на моменти и до 64 метри во секунда.
Епицентарот на тајфунот се наоѓал на околу 180 километри источно од провинцијата Северен Суригао.
Тајфунот „Рај“е од петта категорија. Низ светот, секоја година се формираат по околу пет такви циклони.