Силен земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтер утринава ги погоди југозападниот и западниот дел на Јапонија, а повеќе од 10 лица се повредени.
Локалните власти соопштија дека земјотресот не предизвикал цунами.
Епицентарот бил во Тихиот Океан во областа покрај брегот на Јапонија, каде според анализи во иднина може да се очекува голем земјотрес проследен со цунами, јавија јапонските медиуми.
Денешниот земјотрес се случи во 01.08 часот по локално време, а епицентарот е на длабочина од 45 километри во близина на брегот на островот Кјушу.
Шест лица се повредени во градот Оита, а во Мијазаки полицијата потврдила четворица повредени.