Над 340 милиони луѓе во светот се заразиле со коронавирус

Во светот од коронавирус досега се заразиле над 340 милиони луѓе, соопшти Светската здравствена организација.

Според информациите, добиени се податоци за вкупно 340.543.962 заразени и 5.570.163 починати.

Најголем број заразени со Ковид-19 е регистриран на 20. јануари, кога во рок од 24 часа се идентификувани безмалку 4 милиони случаи.

Најголем број потврдени случаи има во САД – речиси 68,2 милиони.

Следува Индија со 38,6 милиони случаи, потоа Бразил (23,4 милиони), Британија (15,6 милиони) и Франција (15,2 милиони).

Најголем број починати од Ковид-19 има во САД (852.334 лица), потоа Бразил, па Индија, Русија и Мексико.